Помалку заболени и починати од ковид-19, се намалува и бројот на активни случаи

Вчерашните 21 нов случај на ковид-19 од направени 4.370 тестирања или половина процент позитивни е продолжување на трендот на намалување на бројот на заболени. Истовремено се намалува и бројот на починати, но и на хоспитализирани во ковид-центрите.
Вчера беше регистрирано само едно починато лице, а бројот на пациенти во ковид центрите низ државата падна на 101. Според Министерството за здравство, вчера во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани четворица нови пациенти поради компликации од корона вирусот, сите на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на ковид-дијагностицирани достигна 155.528 од вкупно направени 831.031. Починаа 5.471, а оздравени се 149.619 пациенти. Бројот на активни случаи е 438.
И покрај недоволната количина вакцини, од Министерството за здравство велат дека вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, но речиси дест пати е поголем бројот на оние што се ревакцинираат.
На вакциналните пунктови во државата според последните податоци, вакцинирани се вкупно 255.808 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.477 граѓани, а вкупно се вакцинирале 11.431 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 442.928 дози вакцини, а ревакцинирани се 187.120 граѓани.
Инаку, до вчера бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 448.502 граѓани, информираа од Министерството за здравство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.