Помина „слободниот“ викенд, владата ќе се одлучува за предложениет мерки

Но, повторно имавме троцифрен број на нови позитивни случаи на Ковид 19.Во очекување на евентуално нови рестриктивни мерки, граѓаните го користеа можеби последниот викенд без маски на отворено.
Ако Комисијата за заразни бести оцени дека ситуацијата останува критична и по викендов, до Владата ќе испратат и препораки како ограничен број на патници во јавниот превоз, забрана за секакви јавни настани и се да работи до 23 часот.
Од денеска пак, парламенот ќе гласа за досега предложениет мерки, меѓу нив и задолжително носење маска на отворено.
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Посочи дека за кратко време се очекува и законот по скратена постапка да се реализира, со цел да се донесат новите мерки, кои ги предлага Комисија за заразни болести, а со цел да не се шири коронавирусот меѓу населението.


Најмногу новозаболени има повторно во Скопје 200, следуваат Тетово со 30 и Прилеп со 29 новорегистрирани случаи. Во болниците во земјава во моментов се хоспитализирани 475 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19. Од нив, само двајца се на респиратор и тие се хоспитализирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Таму вкупно се сместени 45 пациенти.
Починаа 10 лица: двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87г), двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.
Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
„Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце – одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со ковид-19.“ велат од министерството за здравство.
Полицијата во текот на изминатото деноноќие за неносење маска регистрирала 702 прекршоци.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23 илјади 628, бројката на оздравени пациенти е 17 илјади 239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.