Пороен дожд и невреме со град, продолжува периодот на врнежи

Времето во земјава ќе биде претежно облачно и посвежо. Претпладне ќе има сончеви периоди, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 23 до 29 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје претежно облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне со зголемена нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 26 степени.
Продолжува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.