Потврдени 9 нови случаи на коронавирус во Прилеп

Во Прилеп денеска се регистрирани девет нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот со што вкупната бројка досега е 112.Прили
Во Инфективното одделение на градската болница „Борка Талески“ се хоспитализирани 19 лица позитивни на КОВИД-19, од кои две се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на кислородна поддршка.
Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати, информираат од локалната самоуправа.
Во самоизолација се наоѓаат 460 лица, а изминатата ноќ не се забележани прекршувања на полицискиот час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.