Во понеделникот во болница во Скопје починал Илир Ќалапеку, телохранителот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи.
Соопштено е дека тој починал од срцев удар, но членовите на неговото семејство се сомневаат дека неговата смрт можеби дошла од човечка рака, објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
- Кој плаќа најскапо гориво во регионот?
- АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба
- Марин Ле Пен, обвинета за финансиска измама, може да добие казна затвор до 10 години
- Претреси во Охрид, едно лице е приведено поради лихварство и изнуда
- Австријците избираат нова влада, во најдобра позиција е екстремно десничарската партија блиска до Милорад Додик
- Тешко повредена 31-годишна скопјанка, откако автомобил излетал од патот
- ДУИ: Слугите од Влен нè оддалечуваат од ЕУ и Америка, не приближуваат кон Србија, Кина и Русија
- Инфлуенсерката се пофалила дека сопругот и купил приватен остров за да може безгрижно да ужива во бикинито
- ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО
Членовите на неговото семејство го пријавиле случајот и во косовската полиција.
Телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина, бидејќи, како што пренесуваат косовските медиуми, членовите на семејството на Ќалапеку побарале да се изврши обдукцијата.
Медиумите дознаваат дека неговиот брат Ганиу ги пријавил овие сомнежи во полиција.
Тој изјавил дека не се сомнева во болницата во Скопје, но сака да ги знае точните причини поради кои дошло до срцев удар.
Ганиу тврди дека неговиот брат претходно немал здравствени проблеми, па затоа се сомнева дека тоа би можело да биде од човечка рака“, изјавил за косовските медиуми извор близок до семејството.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.