Почнаа предизборните ограничувања – нема сечење ленти, вработувања, трошење на буџетски средства

Во пресрет на претседателските избори на 24 април, парламентарните на 8 мај и стартот на предизборната капања, Изборниот законик предивидува предизборни ограничувања за функционерите, јавните претпријатија и буџетските трошоци.

Во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборната кампања се до завршување на изборот на претседател и пратеници во Собранието и изборот на Владата, не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти изградени со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал.

ДКСК на својата веб-страница го објавува регистарот на службени моторни возила кои несмеат да се користат во предизборието.

Доколку правните лица не достават податоци, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истекот на рокот за доставување на податоците.

Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и во вториот круг на гласање, и не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи: