Предлог за вкусен ручек: Посни полнети пиперки

Потребни состојки:
12 до 15 суви пиперки, може и свежи
4 големи главици кромид
200 г морков
100 г ореви
Ориз
200 мл сок од портокал
300 мл масло
Сол, бибер и вегета
3 лажици брашно
100 г варен, па изрендан компир
Начин на подготовка:
Во длабок сад додајте масло и пропржете сечкан кромид и моркови. Пржете и мешајте постојано и по потреба додавајте масло.
Додајте ореви, промешајте и пржете уште малку. Потоа додајте го сокот од домати, зачини и пржете додека да се соедини и повторно додајте масло за да не биде суво. Додајте ориз и пропржете уште неколку минути. На крајот додајте и рендан компир, промешајте и тргнете од оган. Исчистите ги пиперките, измијте ги и наполнете со филот. Во секоја пиперка ставете половина лажица брашно. Може да ги затворите со парче домат или компир. Наредете ги во тава, прелијте со топла вода и поклопете. Варете ги на умерена температура додека да омекнат. Вклучете ја рерната на 200 степени и откако ќе испари течноста ставете ги во рерна за да се запечат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.