СВР Скопје поднесе кривична пријава против 25-годишниот Ф.С. поради сторено кривично дело „изнуда“.
„Пријавениот, во периодот од 29.10.2024 до 04.11.2024 преку мобилна апликација, му испраќал заканувачки пораки на С.Б., заради изнуда на парични средства во износ од 100.000 денари“, се вели во билтенот на МВР.