Денес претладне времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 15 степени, а максималната од 13 до 26 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде променливо облачно претпладне со локален дежд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната до 22 степени.
Влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот ќе продолжи и во следните денови, па ќе се задржи променливо време, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Постабилно и значително потопло време се очекува од петок.