Проф. д-р Буџакоски: Притворениот за случајот „Пендиков“ да биде ослободен, седи во притвор заради постигнување на политички цели

Тепачката во која беше инволвиран секретарот на бугарскиот клуб во Охрид со контроверзно име „Цар Борис Трети”, е искористена за други цели и затоа случајот се крена на дипломатско ниво, вели универзитетскиот професор и поранешен полициски функционер Стефан Буџакоски во интервју за Охридњуз.

Тој смета дека Јавното обвинителство треба да побара притворениот за случајот на тепањето на Христијан Пендиков да биде ослободен, зашто, како што нагласува, не смее да се дозволи некој да биде во притвор заради постигнување на политички цели.

Тој изрази сомнеж дека настанот нема да има правна туку политичка разрешница, укажувајќи на сериозни пропусти во постапката.

Охрид е мал град и од она што го слушаме што се случило вечерта тоа не е за кривична пријава, тоа е за прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а доколку има меѓусебни нерасчистени односи, ќе си расчистат органите. Сметам и апелирам до Јавното обвинителство да побара да го ослободи притворениот, бидејќи не можеме ние да држиме во притвор лица поради постигнување на политички цели“, вели Буџакоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: