Компаниите преземаат чекори за да ја поттикнат продуктивноста кај своите вработени. Но, малку од нив се подготвени да излезат од комфор зоната и да воведат новитети на работното место.
Големите гиганти како што се Google, Apple, Microsoft и други, го воведоа биофилниот дизајн на работното опкружување.
Чувството на смиреност, среќа и освежување кога сме надвор е доказ дека луѓето се поврзани со природата.
Но, доколку немате можност да работите на отворено, првенство заради тоа што доаѓа зимата, може да ги примените следниве совети.
Растенијата во работното опкружување го ублажуваат стресот, ја поттикнуваат креативноста и продуктивноста. Затоа, повеќето компании го практикуваат, а со тоа, нивните вработени имаат бројни придобивки.
Нашето расположение се подобрува кога сме надвор. Времето поминато во природа го намалува ризикот од депресија и анксиозност.
Исто така, прошетката во парк или гледањето слики од природата ги подобруваат меморијата и концентрацијата.
Затоа, времето за пауза искористете го да излезете на воздухот.
Во канцелариите пожелно е да има големи прозорци за да влегува дневната светлина. Купете цвеќе или донесете некакво растение.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.