Разрешен секретарот на Скопје Зоран Глигоров, на негово место доаѓа Наталија Митовска

Нови промени во врвот на администрацијата на градоначалничката Данела Арсовска – денеска беше разрешен секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, а на негово место ќе биде назначена Наталија Митовска.

За Митовска во соопштението од Град Скопје се вели дека била носител на високи раководни функции во Владата.

Млад насилник дивеел во Гази Баба, мавтал со нож и тепал роднини и соседи
22-годишен жител на скопската населба Гази Баба вчераутро предизвикал вистинска драма – ѝ се заканувал со нож на неговата две години помлада братучетка, по што физички ја …
Сиљановска се прекрши во ОН: „Мојата држава, Република Северна Македонија“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пркосно одби да го изговори новото име на државата при поднесувањето на заклетвата во Собранието, но од говорницата на Обединетите нации го кажа без …

Од 1998 година работи како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник-министер за внатрешни работи задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции.

Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година.

„На позицијата секретар на градот Скопје доаѓа како професионалец кој може значително да придонесе кон работата на градската администрација и реализација на проектите од програмата ‘За модерно Скопје’“, се вели во соопштението до медиумите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.