Разубавете ја вашата трпеза со оваа полнета солена плетенка!

Оваа полнета плетенка е рај за непцата, но и за очите
Состојки:
600 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
20 г свеж квасец
1 лажиче сол
околу 250 мл млеко
70 г путер
1 јајце + 1 жолчка за премачкување
сусам, ким или мак
За филот:
450 г свежо сирење
околу 100 г спанаќ
2 лажици ајвар
1 јајце + 1 белка


Приготвување:
1. Се разматува квасецот во 100 мл топло млеко со едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“, па се остава на топло да нарасне.
2. Во сад се поврзуваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и солта, се додаваат приготвениот квасец, стопениот путер, јајцето и преостанатото млако млеко. Со рака се замесува мазно тесто. Се прекрива и се остава да одмора 20 минути.
3. За приготвување на филот се матат јајцето и белката, па се додава иситнето свежото сирење. Смесата се дели на три дела. Во едниот се става ситно сечканиот спанаќ, а во другиот ајварот.
4. По одморањето, тестото се дели на 3 дела, па се обликуваат топчиња. Се сукаат во правоаголни кори. Едната се премачкува со филот од сирење и јајца, втората со спанаќот, а третата со смесата со ајвар. Се виткаат во ролати, па краевите добро се притискаат за да не истече филот при печењето. Потоа се плетат во плетенка и се подвиткуваат краевите.
5. Плехот се обложува со хартија за печење, па во неа внимателно се става плетенката и се остава да одмора уште 30 минути. Потоа се премачкува со изматено јајце и се посипува со семки по желба.
6. Се пече на 200°Ц, околу 40 минути, додека порумени. Кога ќе се олади се сече на резанки и се послужува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.