Рецепт за потпечени тортиљи со зеленчук: Посен ручек којшто брзо се подготвува, а уште побрзо исчезнува од масата

За православните верници денеска почнува постот којшто завршува со Велигден на 16 април.

Поради тоа ние денеска ќе ви претставиме еден рецепт за посен ручек којшто е вкусен и заситен.

Потребни ви се тортиљи и зеленчук, а најдобро од сè е тоа што може да си поигрувате со вкусовите и намирниците.
Количината на намирници приспособете ја на бројот на лицата за кои ќе ги подготвувате, а следните се за три лица.

Состојки:

  • 3 тортиљи;
  • 2 моркови;
  • 1 главица кромид;
  • 250 грама печурки;
  • 3 лажици посен мајонез;
  • 1 црвена пиперка;
  • 150 грама посен кашкавал;
  • Магдонос;
  • Маслинки;
  • Сол, бибер.

Подготовка:
На загреана тава ставете малку вода, па додадете го ситно исечканиот кромид. Динстувајте додека не стане мек, па додадете исечкан зеленчук, печурки, сол и бибер.
Тортиљите намачкајте ги со мајонез, па рамномерно распоредете го зеленчукот на три дела.
Тортиљите замотајте ги. Во сад обложен со хартија за печење распоредете ги тортиљите.
Над нив изрендајте кашкавал и исечкана пиперка и маслинки.
Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 15-на минути.
Кога се готови додадете над нив сечкан свеж магдонос.

Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.