Михаел Шумахер, по страшната несреќа на скијањето во декември 2013 година, кога тешко ја повреди главата, пет години речиси е во потполно изолација. Вилата во која се наоаѓа е затворена за јавностa… барем досега. Бидејќи семејството на славниот возач ја отвори вратата на таа зграда, и тоа за да се сними документарен филм за животот на асот на Формула 1.
Германските режисери Михаел Вех и Ханс Бруно Камеретнс направиле кинематографско дело под наслов „Шумахер“. Филмот е посветен, според многу оценки на најдобриот возач на Формула 1 на сите времиња, а премиерата е закажана за декември оваа година. Нивниот филм опфаќа различни аспекти од животот на Шумахер, а мозаикот од приказни се дава низ визурата на таткото на Шумахер, Ролф, сопругата Корина, како и децата Џина и Мик.