Синот на Лепа Брена приреди ЛУДА РОДЕНДЕНСКА ЗАБАВА! Дојде во друштво на пејачката со која го поврзуваа!

Синот на пејачката Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор наполни 24 години и по тој повод направи незаборавна прослава.
Виктор Живојиновиќ носеше свечено црно одело, а на прославата присуствуваа многу познати личности, меѓу кои и Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип, па испеа неколку песни и ги воодушеви сите присутни.

На роденденската забава беше и пејачката Лена Чолак со која го поврзуваа, а гласините дека се заедно ги демантираше со реченицата: „Среќен роденден на брат ми“.
На честитките се приклучи и Лепа Брена која на својот Инстаграм објави фотографија со синот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.