Славните личности намерно или ненамерно многу често објавуваат приватни видео снимки. Дали нивната цел е да станат повеќе славни или едноставно објавувањето на нивните видеа било “случајно“, сепак тоа не го оспорува фактот е дека доста личности се пробиле кон славата полесно со објавување на ваквите видео снимки.
За ова говори секс снимката на Парис Хилтон во 2003 година, како и на Ким Кардашиан во 2007 година, што ги направи уште пославни и поуспешни. Појавата на секс ленти стана толку вообичаена и многумина ја користат како маркетинг алатка за унапредување на кариерата. Многу славни личности имаат судски спорови во врска со објавувањето на ваквите видеа, но во исто време нивната слава се зголемува уште повеќе.
Еве неколку познати личности со вакви снимки:
Памела Андерсон е позната по појавување во две видеа. Во првото се појавува со сопругот Томи Ли, снимен за време на нивниот меден месец во 1998 година. Вториот со Брет Мајклс познатиот пејач на групата „Poison“ во 2005 година.
Ејми Фишер, од неславниот „Лонг Ајленд Лолита“,во 2007 година направи голем број на секс снимки со нејзиниот сопруг Луис Белера. На 33 годишна возраст Ејми започна со свој порно сајт, и со турнеја низ САД како стриптизета.
Ким Кардашиан го потврди постоењето на секс снимка со тогашното момче Реј Џи. Таа се закани дека ќе преземе правни мерки да ја блокира планираната дистрибуција на Вивид видео. Ова видео е сеуште едно од најгледаните.
Џон Едвардс, поранешен сенатор и претседателски кандидат, имаше секс снимка на почетокот на 2010 година. На снимката Едвардс има секс со неговата љубовница Риел Хантер, наводно, додека Хантер е бремена со нивното дете. На 5 февруари 2010 година, судијата Авраам Пен Џонс нареди лентата да биде предадена на судот.
Монтана Фишбурн, имаше секс снимка објавена во почетокот на август 2010 година заедно со актерот Брајан Пампер. Филмот е долг повеќе од еден час, снимен во автомобил, хотелска соба и трговски центар. Фишбурн изјавува дека инспирација добила од снимката на Ким Кардашиан, гледајќи како после тоа таа станала славна.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.