Снуп Дог откри како кралицата го спасила да не биде протеран од Велика Британија

Снуп за кралицата зборуваше во интервју во кое се присети за насловна страница во британските весници од 1994 година, кога покрај неговата фотографија пишувало „Протерајте го овој злосторник“.

Насловот е објавен во време кога раперот бил обвинет за убиство во САД, а се наоѓал на музичка турнеја во Велика Британија.

Во 1993 година имало пукање во Лос Анџелес при што е убиен и човек, а раперот бил уапсен заедно со неговиот телохранител. Снуп Дог бил обвинет за првостепено убиство. Обвинението било отфрлено три години подоцна.
Кога биле упатени повиците да се врати на судењето во САД, во негова одбрана лично застанала кралицата Елизабета Втора.
„Кралицата рече овој човек ништо нема направено во нашата земја, може да остане. Верувам дека Хари и Вилијам ја замолиле да ми дозволи да останам, дека сум океј, дека ја сакаат мојата музика. Кралицата ми е омилена“, изјави Снуп Дог во интервјуто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.