СОВРШЕНО ЛЕТНО БЛАГО – ВКУСНО КАКО СЛАДОЛЕД

Ако барате бонбона што ќе ве освежи во овие топли денови, а обожавате сладолед, овој рецепт е идеален за вас. Се служи ладно, а вкусот е божествен!
Пудингот од семе од чиа не само што ќе ви понуди многу хранливи материи (30 гр од овие семиња имаат 4 гр протеини, 11 гр растителни влакна и 9 гр маснотии, од кои 5 гр се омега-3 масни киселини), ќе ве заситат без да бидете изложени на ризик од расипување на линијата.
Чијата е една од ретките намирници кои имаат висока хранлива вредност, па затоа е наречена „семе на боговите“. Еве како да го направите овој рецепт кој одлично оди за време на диети:
Состојки:
2 дл јогурт
2 лажици семе од чиа
2 лажици кокосово брашно
1 лажичка мед
100 гр овошје по ваш избор
Подготовка:
Од вечерта измешајте јогурт, семе од чиа, кокос и засладете со мед. Измешајте добро, па покријте го и ставете го во фрижидер да ја помине ноќта. Во текот на ноќта, семето и кокосот ќе набабрат, а јогуртот ќе се претвори во густа смеса. Исецкајте го овошјето по ваш избор и измешајте го во пудингот наутро, и уживајте!.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.