Сончево со мала до умерена локална облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 30 степени.
Следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.