Тања Савиќ го напушта Балканот, разделбата со децата тешко ќе ја поднесе

Тања Савиќ, една од најпопуларните пејачки, се подготвува за американската турнеја, поради што е многу возбудена.
Како што рече, 11 години не била во оваа држава и едвај чека повторно да им запее на иселениците кои живеат таму.
Пејачката открива дека ќе и биде тешко да се раздели од синовите, но дека се потрудила се да организира и дека ништо нема да им недостасува додека не се врати.
-Многу сум среќна што ќе одам во Америка и што по повеќе од една деценија ќе ги посетам Лас Вегас и Чикаго. Имам многу блиски пријатели таму, но и познаници во други градови, па се надевам дека ќе се дружам со нив на моите настапи. Едвај чекам повторно да ги видам сите, вели Тања, додавајќи дека синовите овојпат нема да патуваат со неа.
-Откако децата се со мене, ова е прв пат да бидеме разделени поголем временски период. Сепак, организирав се за да не го почувствуваат моето отсуство. Таму се мојата сестра и моите родители, па ги оставам во сигурни раце. Ништо нема да им недостига, а јас ќе се вратам за две недели. За среќа, денес имаме современи методи на комуникација, па секојдневно ќе се слушаме и гледаме преку камерата на нашите телефони, вели Тања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.