Температури над нулата, најмногу дожд во Пожаране

Минималните температури изутринава се повторно над нулата на целата територија на државата, а најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 30 литри на метар квадратен. Поинтензивен дожд утрово има во Маврово,а врнежите се претежно во западните делови.
Во Пожаране утрово се измерени 3 степени, во Крива Паланка и Куманово 4 степени, во Скопје-Зајчев Рид и Петровец, Тетово, Лазарополе и Маврово, во Штип 6, Oхрид, Претор, Прилеп, Битола, Берово и
Демир Капија 7, во Струмица 8, во Гевегелија 9 и во Дојран 11 степени.


Најмногу жожд во изминатите 24 часа наврнаа во Пожаране 30 литри на метар квадратен, Охрид 23, Крушево 21, Тетово 15, Претор 14, Битола 10, Скопје-За
Рид 8, во Прилеп, Берово и Куманово пет, Штип четири л/м, Крива Паланка и Скопје-Петровец три л/м2, во Гевгелија 2, и во Демир Капија и Струмица еден л/м2.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат
од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната
температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен
ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.