ТРAМП: Тој нѐ води на работ на Трета светска војна

Во кратко но „огнено“ видео обраќање, поранешниот американски претседател Доналд Трамп силно го критикуваше актуелниот претседател Џо Бајден и неговото годишно обраќање за состојбата на нацијата.

Во двеминутниот „одговор“ кон обраќањето на Бајден, објавен додека полека се празнеше салата во Претставничкиот дом, Трамп го обвини Бајден дека, со неговото справување со руско-украинската војна, ги води Американците (и светот) „до работ на Трета светска војна“, а го обвини и дека е „најкорумпираниот претседател во американската историја“.

Понатаму, Трамп ги опиша САД како земја нарушена со политичка корупција од администрацијата на Бајден и измачена од инфлација, а истовремено и под опсада од имигранти на јужната граница, обвинувајќи ги Бајден и „радикалните демократи“ за неуспех во имиграцијата и криминалот.

Трамп го осуди и начинот на кој актуелниот американски претседател се справува со трансродовите прашања.

„Неговата администрација води војна против слободата на говорот. Тие се обидуваат да ги индоктринираат и осакатуваат нашите деца. Тој нѐ води на работ на Трета светска војна. И згора на сето тоа, тој е најкорумпираниот претседател во американската историја“, рече Трамп.

Според Трамп, милиони имигранти без документи „се прелеале преку јужната граница“ и нарко картелите „сега заработуваат милијарди долари со шверц на отров за да ги убијат Американците и американските деца“

„Дивјачки убијци, силувачи и насилни криминалци се ослободуваат од затвор за да го продолжат својот бран од криминал“, обвини Трамп во тирадата.

Пронајдете не на следниве мрежи: