Трајановски: ДПМНЕ сака да ги држи вработените во ЈСП „на кратко ремче“ во предизборен период

Амандманска расправа на вонредна седница не постои во Деловникот за работа на Советот на Град Скопје, а амандманот на ВМРО-ДПМНЕ е крајно политички и сака да ги држи вработените во ЈСП на кратко ремче во предизборен период, истакна на втората вонредна седница за денес, заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски.

– Ако ние сме постигнале согласност и иницијативата сме ја поднеле, секој кој се потпиша, амандманска расправа на вонредна седница нека посочи по кој член на Деловникот се повикува.

Ова веројатно треба да ги искупи советниците кои претходно згазнаа во калта длабоко.

Денес скопската јавност, вработените веќе видоа, повеќе од јасно е кој води инает, затоа сме во ист ден на втора вонредна седница со остата расправа. И за крај да објасниме за платата, финансиската година завршува во декемвти, декемвриската плата се исплаќа во јануари, влегувате во ситнеж за да го правдате тоа што лажете. Тоа е небулоза, ако можете во декември да исплатите декемвриска плата, секоја ви чест.

И на крај, иако ви кажувам дека на оваа седница нема основ да водиме расправа по амандман, амандманот е крајно политички затоа што луѓето кои се засегнати ги доведува во цајтнот, да се држат на кратко ремче, да зависат од некој дали ќе земе плата или не. Прво луѓето не треба да ги оставаме на секои два месеци да зависат од плата, второ субвенциите не треба да се цепкаат, вели Трајановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.