(Фото+Видео) Се уште гори во Охридско: Активирана српската пума која како помош беше испратена да ги гасне пожарите во Македонија

Во текот на вчерашниот ден 03.082024 година (сабота), имало вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 4 се под контрола и 33 се изгаснати.

ВКУПНО: 42
ИЗГАСНАТИ: 33
ПОД КОНТРОЛА: 4

АКТИВНИ: 5

1. Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен;

2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, с.Базерник;

3. Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница,-Вапила активен на 4 точки;

4. Општина Богданци: м.в.Погана према Ветерен Парк Богданци;

5. Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;

ПОД КОНТРОЛА: 4

1. Општина Кочани: с.Пресека;

2. Општина Свети Николе: с.Патетино;

3. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод;

4. Општина Македонска Каменица: с.Дулица;

ИЗГАСНАТИ: 33

1. Општина Битола 1: с.Стрежево;

2. Општина Битола 2:с.Породин;

3. Општина Кичево 1: с.Црвевци;

4. Општина Кичево 2: с.Премка;

5. Општина Кичево 3: Бизина на Касарна;

6. Општина Зелениково: Смесница – Страхојадица – Градовци;

7. Општина Чучер Сандево: м.в.Голиово;

8. Општина Студеничани: с.Вртеќица;

9. Општина Арачиново: с.Мојанци;

10. Општина Ѓорче Петров: с.Волково;

11. Општина Пробиштип: с.Долно Барбарево;

12. Општина Ново Село 1: с.Бадилен;

13. Општина Ново Село 2: Ново Село – Самоилово, м.в.Кошутица;

14. Општина Струмица 1: с.Прсениково;

15. Општина Струмица 2: Индустриска зона Север Струмица;

16. Општина Дојран: Стар Дојран;

17. Општина Босилово: с.Босилово;

18. Општина Пехчево: с.Негрево;

19. Општина Кратово: с.Татомир – с.Секулица Општина Пробиштип;

20. Општина Лосово: с.Сарамзалино;

21. Општина Радовиш: населба Дамјан;

22. Општина Куманово: Пчиња;

23. Општина Липково: с.Ваксинце – с.Слупчане;

24. Општина Старо Нагоричане: с.Жегљане, маало Рожарци;

25. Општина Долнени: с.Лажани – с.Дебреште – с.Кошино;

26. Општина Гостивар 1: с.Печково;

27. Општина Гостивар 2: Патот од Стража кон Гостивар;

28. Општина Тетово: с. Фалише;

29. Општина Македонски Брод: с.Грешница, м.в.Стојанова Населба;

30. Општина Струга 1: с. Татеши;

31. Општина Струга 2: с. Велешта;

32. Општина Струга 3: с. Калишта;

33. Општина Струга 4: с.Заграчани;

Министерството за внатрешни работи на Република Србија вчера испрати нов хеликоптер на Хеликоптерската единица МВР во Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград.

-Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор на претседателот на Србија. Александар Вучиќ и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановски Давкова, се наведува во соопштението на МВР на Србија.

Инаку, МВР на Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Северна Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, пружи помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.

-Во изминатите три дена хеликоптерот од Србија оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на населбата Долно Ѓуѓанци, во близина на градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричане, се наведува во соопштението на МВР Србија.

Пронајдете не на следниве мрежи: