Хути: Ќе продолжиме да ги напаѓаме израелските бродови додека не престане агресијата врз Газа

– Портпаролот на Хутите Мухамед Абдулсалам рече дека ставот на јеменската бунтовничка група за војната во Газа не е променет по американско-британските напади врз Јемен.

„Нападите врз израелските бродови и бродовите кои одат кон пристаништата на окупирана Палестина ќе продолжат“, изјави Абдулсалам за британски медиуми.

Во нива пронајдена минофрлачка граната од Втората светска војна
На 26.09.2024 во Полициска станица Свети Николе, О.С. од Свети Николе пријавил дека околу 16.30 часот, додека со трактор ја орал нивата во атар на с.Црнилиште, пронашол корозирана …
Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културни врски
Денеска во Охрид остварив билатерална средба со унгарскиот колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на …

Набрзо по неговата изјава Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) издаде предупредување за напад во близина на брегот на Јемен.

Пентагон подоцна потврди дека станува збор за товарен брод, во сопственост на САД.

„Противбродска балистичка ракета истрелана од јеменските проирански Хути милитанти погоди транспортен брод во американска сопственост што пловел под знамето на Маршалските Острови“, објави Пентагон на социјалната мрежа Х, порано Твитер.

Во соопштението се наведува дека при нападот од бродот не се пријавени повредени или значителна штета и бродот го продолжил патувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.