Цигарите поскапуваат за 5 денари, а стануваат и двојазични

Цигарите поскапуваат за 5 денари, а стануваат и двојазични

Поради новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи цигарите ќе поскапат за 5 денари по кутија. Исто така поради овој закон нема да може да се продаваат пакувања со 19 или помалку од 20 цигари.

Законот стапи на сила лани во мај, производителите имаа 18 месеци за да ги прилагодат производите на новите барања.

Двојазичноста стапува на сила и кај цигарите. Кон крајот на годината амбалажата освен на Македонски јазик, текстот ќе мора да биде напишан и на Албански односно на писмото кое го употребуваат најмалку 20% од населението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.