Ципрас: Спомениците на Македонија му припаѓаат на античкото грчко минато

Премиерот на грчката влада, Алексис Ципрас, одговарајќи на новинарско прашање во врска со античките споменици кои беа дел од проектот „Скопје 2014“, рече дека наскоро ќе се затворат дилемите по оваа прашање и дека на нив им е местото во античкото грчко минато.

„Верувам дека со започнување на спроведувањето на договорот и климата на доверба меѓу двете држави ќе успееме да ги увериме сите во позитивните резултати од договорот. Се соочивме со лажни вести, но кога ќе креираме нови работни места, кога ќе го зголемиме приливот на туристи и слично, тогаш постепено сите ќе ја сфатат штетата од изминатите децении кога не можевме да ги решиме нашите спорови. За трговските знаци, ќе има експертска група под надзор на МНР која ќе се обиде да ги реши тие проблеми. Комитетот ќе дискутира и за археолошки прашања од областа на културата. Спомениците од античка Македонија и нивното распоредување и именување ќе расчисти дека тие се дел од античкото грчко минато. Овие споменици припаѓаат на светот, дел се од светското наследство, ќе ни биде драго кога ќе ги ставите имињата на спомениците. Халкидики е моја омилена туристичка дестинација, но и на Зоран“, рече Ципрас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.