Шест намирници кои создаваат целулит

Полесна храна, сиромашна со заситени маснотии, богата со витамини, минерали, влакна и вода – вака треба да изгледа исхраната која ќе ве “заштити” од целулитот.
Целулитот настанува поради неколку причини – пореметување на циркулацијата, физичка неактивност, неправилна исхрана, стрес или пушење цигари. Најчесто се јавува во областа на бедрата, задникот, околу колената и стомакот. Експертите се согласни дека клучот за успешна борба против целулит лежи во здравиот начин на живот.
Во продолжение, прочитајте која храна треба да ја одбегнувате за да спречите појава на целулит:


Засладени сокови
Разните газирани, а неретко и негазираните пијалаци содржат многу шеќери и адитиви и брзо ја намалуваат затегнатоста на кожата. Заменете ги соковите со обична вода во која ќе додадете малку сок од лимон.
Пица
Освен лошото генетско наследство, лошата циркулација исто така може да биде причина за создавање на целулит. Пицата најчесто се состои од многу масти и бело брашно – што е погубно за правилна циркулација.


Бел леб
Нутриционистите препорачуваат целосно исфрлање на белото брашно од менито – белиот леб го зголемува нивото на инсулин и содржи “празни калории” кои го поттикнуваат создавањето на масни клетки.
Мрсна и преработена храна
Колбасите и останатите месни преработки, маргаринот, павлаката и полномасното сирење се полни со масни киселини, па многу бргу доаѓа до зголемено ниво на инсулин во крвта, кое поттикнува создавање на масни наслаги и целулит.

Алкохол
Алкохолот содржи голем број на токсини и калории. Покрај тоа, витаминот Ц, калциумот и цинкот потешко се апсорбираат во организмот и на тој начин алкохолот го блокира нивниот ефект против маснотиите.
Шеќер
Храната богата со шеќери предизвикува нагло зголемување на инсулинот кој поттикнува создавање на масно ткиво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.