Штипскиот градоначалник денес ловеше дрвокрадци кај месноста Мирјанина црква. Запрежната кола натоварена со дрва заедно со регионалните медиуми ја забележал при враќање од увид на градежни активности, по што повикал полиција
Но, потерата не заврши тука. Дел од дрвокрадците се разбегаа, па полицијата мораше да ги гони по околните дворови. На крај запрежната кола, дрвата и моторната пила им беа одземени и предадени на шумската полиција.
Градоначалникот на Штип вели дека мора да се стави крај на постојаните кражби на дрва и уништувањето на зелениот појас и во среда ќе го свика локалниот Совет за превенција.