Јелена Карлеуша за прв пат објасни сѐ во врска со Канје Вест: „Ми направи хаос по медиумите“

Јавноста е запознаена со неодамнешните активности на пејачот и поранешен сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест, кон поп/фолк пејачка Јелена Карлеуша.
Претходно, Карлеуша имаше „контакт“ само со поранешната сопруга Ким Кардашијан, кога во јавноста настана забуна околу сличните стајлинзи на двете ѕвезди.

Јелена тогаш ја следеше цел Холивуд, верувајќи дека Кардашијан го ископирала стилот на облекување од неа, па логично е нејзиниот тогашен сопруг да мора да знае која е Карлеуша.
Српската пејачка претходно не го следеше Канје, а откако тој ја заследи на Инстаграм, поп ѕвездата возврати.
По овој настан на социјалните мрежи се расправаше за причините за нивниот контакт, а Јелена сега реши да им стави крај на разните шпекулации:
„Само ми направи хаос во медиумите и на социјалните мрежи, немам ништо од тоа што ме следи“, изјави Јелена Карлеуша за локалните медиуми.
Јелена одговори и на прашањето на многумина дали имало преписка меѓу нив:
„Сакав да кажам дека не ни знам кој е Канје Вест, но тоа би било навистина глупаво и бесмислено. Тој не ми пиша. Немаме никаков контакт. Не знам зошто ме заследи мене, ништо нема ни да се случи. Затоа заборавете на него“, изјави пејачка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.