Ќе присуствува ли и Стоилковиќ на средбата помеѓу Мицкоски и Курти?

Утре ќе биде првата официјална средба на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, на која што ќе се сретне со неговиот косовски колега, Албин Курти. Во најавата за оваа средба медиумите објавија дека на средбата на премиерите на Северна Македонија и Косово ќе присуствуваат и членови на македонската Влада од редовите на каолицијата Вреди, но не е јасно дали на пречекот на косовскиот премиер ќе биде и заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, пишува „Рацин.мк“.

Ова прашање ќе остане отворено, особено откако денеска од Косово стигна веста дека косовската полиција уапсила петмина Срби на Косово за наводни злосторства врз албанско население на што реагирала Канцеларијата на владата на Србија за Косово од каде што го обвинуваат премиерот на Косово дека врши терор над српското население.

Поради тоа, Стоилковиќ е некомпатибилен во односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Курти и тоа само ќе биде пречка во пеглањето на овие односи, кои, всушност, и ја обезбедија позицијата на Мицкоски да може да ја преземе Илинденска бр. 2.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски никогаш директно не ја осудија приватната посета на Курти на Тетово и во Скопје, во Општина Чаир, кога се вееја големоалбански знамиња и кога, вусшност, беше јасно дека таа посета е силна поддршка и промоција на коалицијата на партиите на Албанците во Македонија во пресрет на изборите 2024 година.

Курти беше меѓу првите што му ја честиташе победбата на Мицкоски на изборите. „Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи“, му напиша Курти на Мицкоски.

И зошто сега да си ги расипуваат односите кога Мицкоски го доби она што тешко може да се одбие: Сојузништво со партиите на Албанците под влијание на косовскиот премиер Курти за победа на изборите, пишува „Рацин.мк“.

Пронајдете не на следниве мрежи: