Џенифер Лопес за животот пред да биде славна: Чистев салон за 10 долари

Џенифер Лопес се најде на насловната страница на магазинот Rolling Stone, а во интервјуто проговори за подемите и падовите во животот.
Таа се присети и за почетоците на кариерата и времето кога од сиромашна девојка тргна по патот на славата и успехот.
„Сакав да остварам некои работи и отсекогаш сум го имала тој натпреварувачки дух да го остварам замисленото. Моите родители не беа богати и живееја во сиромашен кварт во кој секое пени ни значеше. Мојата прва работа беше во салон за убавина, каде што чистев. Ми плаќаа 10 долари за добро сработената работа“, вели таа во интервјуто.
Сакајќи да се извлече од сиромаштијата донела одлука да ја напушти работата и да почне нов живот во Лос Анџелес.
„Живеев од настапи на кои танцував, ми плаќаа 25 долари. Јадев нудли во чаша и пица купена од улица“, се присетува пејачката.
Таа вели дека благодарение на снимањето на видео спотовите за Џенет Џексон и американскат

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.