Боки 13 денес на распит кај Русковска

Loading...

Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 денес од истражниот затвор “Скопје“ треба да биде спроведен  до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде треба да даде исказ за случајот “Рекет“.
За Јовановски ова ќе биде прво соочување со обвинителката Вилма Русковска, за детали од истрагата, бидејќи тој дента кога беше уапсен се произнесе само кај судијата на претходна постапка и тоа за притворот.
Инаку, Јовановски е првоосомничен во случајот “Рекет“, а третоосомничената Катица Јанева е предвидено во вторник да даде исказ пред обвинителката Русковска.

loading...