Шалке 04 и по четири месеци не знае за победа во Бундеслигата, па последен со 12 бода после шестото сезонско реми, вечерва без голови против Волфсбург во 20-та рунда од елитното друштво во Германија.
Фаворитот Волфсбург кој се бори за место во Европа промаши пенал уште по девет минути игра, откако Арнолд не успеа да погоди во мрежата од белата точка, па потоа фаворитот го спасуваше ВАР, пет минути во вториот дел откако Крал даде гол за водство на Шалке, но беше поништен поради офсајд.
На крај, без голови, по еден бод за Волфсбург да дојде до 30 на шестото место, а Шалке да остане последен.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.