Во Чешка, најголем број на новозабоелни пациенти за еден ден од ковид-19

Во Чешка, во последните 24 часа се потврдени нови 1.164 случаи на вирусот ковид-19, што е најголем број на случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. 

Како што се наведува, за прв пат од март, во Чешка се регистрирани повеќе од 1.000 случаи на коронавирус за еден ден, пренесува Ројтерс и пренесува Танјуг. 

Се додава дека и покрај големиот број новозаразени, владата на таа земја се обидува да избегне затворање на земјата, како што тоа го стори на почетокот на пандемијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.