Голем трансфер во Формула 1: Фетел потпиша за Астон Мартин

Четирикратниот шампион во Формула 1, германскиот возач Себастијан Фетел, се согласи да се приклучи во редовите на Астон Мартин, за кој ќе вози од 2021 година, откако истече договорот со Ферари, за кој се знаеше дека не е продолжен. 

Судбината на Фетел оттогаш е неизвесна, многумина се прашуваа дали тој воопшто ќе остане во Формула 1, но ние ќе продолжиме да го гледаме човекот кој славеше на 53 трки во досегашната кариера на патеката на „најбрзиот циркус“.

стон Мартин се враќа во Формула 1 од 2021 година и тие го гледаат Фетел како адут, со кого е договорена соработка. 

За време на својата кариера, Фетел возеше за Заубер, Торо Росо, Ред Бул и Ферари. Најголемиот успех го постигна во Ред Бул, каде освои четири титули по ред од 2010 до 2013 година. Тој е во Ферари од 2015 година, но не успеа да продолжи со истите возења во славниот италијански тим.

Пронајдете не на следниве мрежи: