сабота, 14 ноември 2026
Најново

Делови од Илинден, Чаир, Карпош и Гази Баба денеска без струја

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска се планирани следниве исклучувања на електрична енергија:
· Поради работа во ТС Белимбегово без напојување со ЕЕ ќе останат дел од Белимбегово (кај мостот) од 08.30 до 11.15 часот, општина Илинден;
· Поради работа во ТС Чаир без напојување со ЕЕ ќе останат улицата Струмичка, улицата Ќемал Сејфула и улицата Вуковарска од 09.00 до 12.00 часот, општина Чаир;
· Поради работа електричната мрежа без напојување со ЕЕ ќе останат дел од улицата Леринска и дел од улицата Багдадска од 09.00 до 11.00 часот, општина Карпош;
· Поради работа во ТС Јурумлери без напојување со ЕЕ ќе остане дел од село Јурумлери од 11.45 до 15.00 часот, општина Гази Баба;
· Поради работа во ТС Чаир без напојување со ЕЕ ќе останат дел од улицата Крсте Асенов и дел од улицата Емин Дураку од 12.00 до 15.00 часот, општина Чаир.

Поврзани вести