Европските лидери се собраа на итен состанок во Париз, каде главна тема ќе бидат мировните преговори за Украина, кои сега Америка и Русија ги водат без Европа.Францускиот претседател Емануел Макрон пречека бројни европски претставници и токму тој го свика овој самит по изјавите на американските претставници на Минхенската безбедносна конференција.На состанокот ќе присуствуваат:Олаф Шолц, германскиот канцеларЏорџи Мелони, италијанскиот премиерДоналд Туск, полскиот премиерМете Фредериксен, данскиот премиерПедро Санчез, шпанскиот премиерДик Шув, холандската премиеркаУрсула фон дер Лајен, претседателот на Европската комисијаАнтонио Коста, претседателот на Европскиот советСе очекува разговорите да траат околу два часа.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно денеска изјави дека не знае што треба да направи Европа на преговарачката маса за Украина .– Не знам што треба да прават на преговарачка маса. Ако тие ќе „молат“ за некои лукави идеи за замрзнување на конфликтот, а со оглед на нивниот карактер и навики имаат намера да ја продолжат војната, тогаш зошто да ги поканиме таму? – рече Лавров.Тој ги спомена и зборовите на финскиот претседател Александар Стуб на Минхенската безбедносна конференција, кој изјави дека е неопходно да се водат преговори за повторно вооружување на Украина.– Нивната желба веќе неколку пати се исполни, но им требаше време да ја вооружат Украина. Тоа беа нивните шанси – додаде шефот на руската дипломатија.Русија и Америка утре ќе разговараат во РијадИ покрај жестокото противење на европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Русија и Америка утре ќе ги одржат своите први разговори во Саудиска Арабија.Рускиот тим го сочинуваат:Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на РусијаЈуриј Ушаков, помошник на рускиот претседателАмерика ќе биде претставена од :Марко Рубио, државен секретарСтив Виткоф, специјален пратеник за Блискиот истокМајк Волц, советник за национална безбедност.
Пронајдете не на следниве мрежи: