Него, сфаќаш сега зошто немам макро? Што ќе ми макро покрај вакви родители у градов. Ех, да беа само родителите у прашање… Сите се исти гомна. Денес секој на секого може да му биде макро. Како беше онаа народната: Човек на човека му е макро! Добро де, шега, знам дека за волк е муабетот “Ч”, ама што има врска. Волк или макро! Ист кур у два примерока! Мајките им местат богати фраери на ќерките, тоа е сега ептен у мода. Слушај го муабетов, бејбе! Настаните и личностите се автентични. Гомна со лопата да јадам ако те лажам! Она работи у една банка што почнува на буквата… на буквата “Х”, помлада е неколку години од мене и ќе ја викаме Фуфица, зашто за време на секс самата сака да ја нарекуваат со тоа име.

Сашо Тасевски: Опа, сега дојдовме до казни за неносење маски!
Целата нејзина појава непогрешливо асоцира на препариран ловџиски трофеј. Глава давам дека Силиконската Долина го добила името по неа. Таа, скромно кажано е една силиконска блонди-самохотка што отвора уста само во исклучително ретки ситуации, како на пример, кога бара да јаде или кога лаже дека песната “Лична карта”, на Аца Лукас се однесува на неа!



