четврток, 12 ноември 2026
Најново

Над 8.300 повици за штети од невремето во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Над 8.300 повици се примени за пет часа на Единствениот број за итни повици 112 од граѓани кои пријавуваат штети од невремето во Скопје.
Повиците се примени во временски период од 17 до 21 часот.

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека се уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните и дека сите примени пријави континуирано се процесуираат и се проследуваат до надлежните институции.
Од ЦУК ги замолуваат граѓаните за трпение и разбирање во услови на исклучително голем број повици.
– Доколку не успеат веднаш да воспостават контакт со 112, пријавите за материјални штети можат да ги пријавуваат и во текот на утрешниот ден, по што истите ќе бидат навремено евидентирани и проследени до надлежните служби, велат од ЦУК.

Поврзани вести