Звучи како приказна од хорор филмови, но всушност е нешто што се случило во реалноста, бразилски голман ја убил својата девојка, го фрлил нејзиното тело на кучињата да го изедат, а сега потпиша во нов клуб!
Бруно Фернандес де Соуза (38 г.) беше осуден на 22 години затвор во 2013 година, но предвреме беше ослободен поради жалба на неговиот адвокат. Мајката на убиеното девојче Елиза Самудио се жалеше, протестираше, но изгледа тоа беше се залудно…
Во 2010 година тој организирал киднапирање на неговата тогашна девојка Елиза (25 г.). Таа била измачувана од членови на криминална банда, меѓу кои и поранешен полицаец, по што Бруно ја задавил и ја фрлил на кучињата. И сето тоа го направил пред нивниот син, кој тогаш имал само четири месеци. Сега тој потпиша договор со малку познатиот бразилски фудбалски клуб Орион, кој го пофали на социјалните мрежи, со порака: „Засилување за голманската позиција, добредојде!“
Тој го признал делото и сите споменати детали, освен делот каде што инсистира дека детето не е негово и дека Елиза го изневерувала. Тој помина шест години во затвор, па во 2019 година беше префрлен во друг затвор, со значително помало обезбедување. Тамошните медиуми пишуваат дека во затворот на затворениците им било дозволено да спијат дома, бидејќи немало услови за тоа, а потоа во 6 часот наутро биле враќани назад во затворот. По жалбата на адвокатот, тој беше ослободен во јануари оваа година и се бара на секои три месеци да се јавува кај одговорното лице за условното ослободување во Рио де Жанеиро.
Во текот на судењето, обвинителот откри и дека Бруно ја киднапирал, а подоцна и ја убил Елиза, бидејќи таа му се заканувала дека ќе го тужи и ќе треба да плати алиментација за детето.
„Неговите злодела и она што го направи, невозможно е да се опишат без да ви се скрши срцето. Фотографиите што ги видовме од местото на настанот. Леле, тоа се работите од вашите најлоши кошмари, не можете ни да замислите“, изјавил тогаш детективот Едсон Мореира кој бил надлежен за тој случај. Со ДНК тест е утврдено дека бебето е навистина негово, а момчето е со мајката на убиеното девојче до ден денес.
Пронајдете не на следниве мрежи: