Ресторани во Дубаи им нудат попусти на вакцинираните гости

Loading...

Ресторани во Дубаи им нудат попусти на гостите кои се вакцинирани против коронавирус, и на тој начин се борат против пандемијата – без локдаун.
Три ресторани кои ги води Gates Hospitality нудат попуст од 10 отсто на жителите кои ја добиле првата доза на вакцината, а 20 осто на оние кои примиле две дози.

За да имаат попуст, мора да приложат потврда дека се вакцинирани.
На некои луѓе им се допадна оваа идеја, а други велат дека ова е уште еден маркетиншки потег за да се вакцинираат што повеќе луѓе.
Обединетите Арапски Емирати започнаа со масовна вакцинација во декември откако ја одобрија вакцината на кинеската компанија Sinopharm и вакцината на Pfizer, a досега се вакцинирани 2,5 милиони луѓе.

loading...