Неколку руски проектили прелетале над Молдавија и Романија, која е членка на НАТО, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, тоа е „предизвик“ за Алијансата и колективната безбедност.
„Непријателот лансираше најмалку 70 проектили во уште еден масивен напад (против Украина) утринава. Неколку руски ракети прелетаа низ воздушниот простор на Молдавија и Романија. Овие проектили се предизвик за НАТО и колективната безбедност“, рече Зеленски во видео пораката објавена на Телеграм.
„Ова е терор што може и мора да се запре“, додаде тој.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.