Серхи Роберто ќе остане дел од Барселона, иако имаше најави дека каталонската гордост не смета премногу на него, но договорено е продолжување на соработката до летото 2024 година.
Според последните информации, целата документација и договорот се подготвени и усогласени и само недостига потписот на фудбалерот за официјализација, која наскоро треба да се случи.
Тренерот Чави Ернандез побарал да му се продолжи договорот на Серхи Роберто и сега тоа барање е исполнето, па кормиларот на Каталонците ќе го има на располагање овој фудбалер и за идната сезона.