Скопје домаќин на меѓународен танцов спектакл со поддршка од FeroInvest

ФЕРОИНВЕСТ беше спонзор на престижниот интернационален натпревар во латиноамерикански и стандардни танци, кој викендов се одржа во Скопје под покровителство на Светската федерација за спортски танц (World DanceSport Federation – WDSF).Настанот, во организација на танцовиот клуб „Ритам Плус“, собра натпреварувачи и судии од Македонија, Србија, Турција, Австрија, Грција, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија. Меѓународниот карактер и високите стандарди го вброија овој натпревар меѓу најзначајните танцови настани во регионот.Натпреварот се одржа во спортската сала „Јане Сандански“, каде публиката имаше можност да ужива во настапите на врвни танчари и да биде дел од незаборавна вечер исполнета со енергија, емоции и танцова уметност.ФЕРОИНВЕСТ и овој пат ја потврди својата определба за општествена одговорност, поддржувајќи активности од значење за заедницата. Компанијата редовно инвестира во области како што се образованието, здравството, спортот, уметноста, религијата и социјалните иницијативи.

Пронајдете не на следниве мрежи: