Филип Петровски ќе собира потписи за кандидат за претседател

Loading...

Од сабота, 23 февруари д-р Филип Петровски ќе почне да собира десет илјади потписи за неговата кандидатура на претстојните претседателски избори. Тврди дека зад него, односно зад “Македонија блокира“ стојат повеќе од 80 организации и целата македонска дијаспора.
Поништување на Преспанскиот договор, односно на промената на уставното име, поништување на двојазичноста, враќање на илинденските и асномските принципи како темел на основање на нашата држава, и вонредни парламентарни избори, се четирите клучни определби кои Петровски на денешната прес-конференција вети дека ќе ги исполни и нема да отстапи од нив.
Петровски денес обвини дека изборот на претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ во Струга бил однапред изрежиран од страна на претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

loading...