Челниците на ФИФА денеска ги објавија тројцата кандидати за наградата „Пушкаш“, која се доделува за најубав гол на годината, меѓу кои има и фудбалер со ампутирана нога.
Станува збор за Полјакот Марчин Олекси, кој е без една нога и кој настапува во првенство за хендикепирани лица, каде што постигна навистина атрактивен гол со ножички. Друштво ќе му прават Ришарлисон со акробатскиот гол против Србија на Мундијалот во Катар, како и Димитри Паје и неговата „ракета“ на мечот против ПАОК.