Цуцуловски за самонаречените „експерти“ – ПЕГЛАЊЕ

ПЕГЛАЊЕ. Ја гледам таканаречената дебатна емисија „Само вистина“ на Канал 5. Гледам и прекинувам да гледам, бидејќи и двајцата учесници во емисијата (Александар Пандов и Исмет Рамадани) нашироко и надолго расправаат околу „историско-одлучувачкото“ прашање, сеедно што прашањето е одамна решено/апсолвирано и тоа во самата пракса. Тоа „историско-одлучувачко“ прашање е дали во ЕУ постојат поделени држави и дали се можни конфликти помеѓу земјите членки на НАТО. Работата е дотолку побизарна што и обајцата се сметаат – меѓутоа, и многумина ги сметаат! – за сериозни експрети. Област на експерството – непозната!
Меѓутоа, и обајцата расправаат за познати работи: дали ЕУ и НАТО водат кон стабилизација и одбегнување на судири, макар секој нормално информиран човек знае дека Кипар (членка на ЕУ) е поделена држава: на грчки дел (јужниот дел) и на турски дел (северниот дел), како резултат на воената интервенција на Турција врз Кипар од 20 јули 1974. Како нејзина последица е следното: (а) 37% од територијата на осторовот е под контрола на Турција и (б) околу 200.000 Грци присилно се раселени. Притоа, во 1974 година и Грција и Турција беа членки на НАТО.
Во исто време, мал дел од Кипар остана под суверена контрола на Обединетото Кралство. Сепак, и обајцата се за Македонија во НАТО. Меѓутоа, со една разлика: дали промената на името на Република Македонија би требала да биде влогот за влез во НАТО. Бидејќи,пак, во духот на демократијата е сите разлики да се испеглаат, единствено останува да се види како ќе се испеглаат. Народот и така одамна е испеглан. Скроеното одело убаво му стои.