Абази ги демантира обвинувањата дека влијаел да се сопре истрагата за набавката на мазут

Претседателот на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази ги демантира обвинувањата дека влијаел да се сопре постапката за набавката на мазут за која меѓу осомничените беа поранешниот прв човек на спортската сала Борис Трајковски и бизнисмен Ратко Капушевски и еден од сопствениците на Пуцко петрол, Асмир Јахоски.
– Ниту како обвинител, ниту како виш, на ниеден обвинител не сум му сугерирал, ниту пак сум ја загрозил неговата самостојност. На ниеден јавен обвинител не сум вршел притисок или влијание да донесе некаква одлука,изјави денеска Абази.
Државниот јавен обвинител Ненад Савески во изјава за телевизија Сител вели дека за одлуката бил информиран откако таа била донесена.
– Предметот не е рефериран пред Јавното обвинителство, вели Савески без да најави дали ќе побара некаква проверка на постапувањето.
Претходно, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција упати обвинувања кон Абази за сопирањето на истрагата за набавката на мазут.
Обвинителството утринава соопшти дека поради недостиг на докази ја сопира истрагата за набавката на мазут во време на енергетската криза.

The post Абази ги демантира обвинувањата дека влијаел да се сопре истрагата за набавката на мазут appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: